Спомен плочата за АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчињски ќе се става кога ќе треба

Спомен плочата за АСНОМ што годинава беше поставена во манастирот Св. Прохор Пчињски за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, информираат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.

„Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во Св. Прохор Пчински за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот Св. Прохор Пчински“, соопшти кабинетот на Пендаровски.

И игуманот на манастирот Св. Прохор Пчињски архимандрит Методије, за МИА потврди дека договорот на двете делегации, македонската и српската, бил плочата да се тргне по прославата на Илинден, и повторно по договор да се става кога ќе треба.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе