Средба на премиерот со претседателот на Турција

Споделуваме исти цели за безбедноста и стабилноста во регионот, велат Ковачевски и Ердоган

Премиерот Димитар Ковачевски на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го изразил задоволството од споделувањето исти цели за безбедноста и стабилноста во регионот за што клучни фактори се добрососедски односи и регионална соработка, со фокус на економската соработка и подобрување на инфраструктурната поврзаност, соопшти владината прес-служба за разговорите на премиерот со шефот на турската држава во Истанбул. На средбата присуствувале и македонските министри за  надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи.

Односите меѓу двете земји биле оценети како одлични во полето на економската соработка и било нагласено дека трговската размена со Турција е во постојан пораст и од осмото место во 2020 година, во првите три месеци од 2022 година Турција се најде на шестото место на листата најзначајни трговски партнери на Македонија.

„На средбата беше потенцирано дека очекувањата се годинешната трговска размена од 900 милиони долари, да достигне една милијарда долари и да обезбеди продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Според вкупните инвестиции од Турција во нашата земја, таа е во редот на првите пет земји по вкупниот прилив на странски инвестиции.

Премиерот Ковачевски му се заблагодари на претседателот Ердоган за поддршката во процесот на пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, која од аспект на актуелната геополитичка ситуација со руската воена агресија во Украина се покажа како драгоцена придобивка за сигурноста и безбедноста на земјата и на регионот“, наведува прес-службата.

Ковачевски и Ердоган потенцирале дека продолжува исклучително добрата соработката меѓу министерствата за одбрана во однос на модернизацијата на македонската Армија, како и во областа на воената обука и едукацијата, но и со заедничкото учество во мировни операции и вежби.

Премиерот Ковачевски му упатил покана на претседателот Ердоган да ја посети нашата земја.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе