Спасовски тврди дека полицијата спречила поголем инцидент кај „Скендербег”

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата го спречила синоќешниот инцидент кај плоштадот „Скендербег”, кога едно лице впери пиштол, а други фрлаа со предмети кон граѓаните што протестираа. 

Спасовски порача да се погледнат видеата од настанот и покажа фотографија на која се гледа реакција на полициски службеник кон лицето со пиштол и други лица. Според него, полицијата спречила инцидент кој можел да има поголеми размери.

„Ќе видите дека полицијата го спречила инцидентот и тоа поголем број на полициски службеници. Погледнете ги видеата коишто беа објавени од медиумите и од нас. Еве само една слика ќе ви покажам кај што полицијата интервенира на лице место. Не треба да дојде до ова секако. За да не дојде до ова секој еден граѓанин мора да знае дека протестите мора да бидат мирни”, рече Спасовски кој беше во посета на Идризово. 

Никому, како што кажа, не му е дозволено да вади огнено оружје и да загрозува безбедност на ниту еден граѓанин во државата и побара никој да не оправдува вадење на огнено оружје во јавност. Апелираше на мирни протести. 

„Апсолутно можеше да дојде до многу поголеми последици. Затоа апелирам и до граѓаните и до политичките субјекти и сите коишто учествуваат на протестите да бидат на мирни протести. Вандализмот и насилството нема да даде резултати во ниту еден случај и тоа за која било тема или постапка да интервенираме во јавноста”, рече Спасовски. 

Според него, таму имало распоредено доволен број полициски службеници, како и инспектори. Тој уште додаде дека оперативни сознанија за можни инциденти има секаде каде што се движат или престојуваат лица што одат на протестите.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе