Строги мерки во борбата со Ковид 19

Спасовски порача дека оваа година Велигден и Рамазан Бајрам ќе ги поминеме дома за да спасиме живот

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција порача дека оваа година големите празници Велигден и Рамазан Бајрам мораме и ќе ги поминеме дома и оваа година верниците молитвите ќе ги упатиме од дома. Сето ова е со цел да се заштитме од ширењето на коронаавирусот. 

„Оваа година Велигден и Рамазан Бајрам ќе ги прославиме дома, преку мобилен, преку интернет, секој од дома, а не собрани по гости. Тоа нема да не направи послаби верници, туку ќе ни го зајакне духот бидејќи знаеме дека на тој начин спасуваме животи. А живот не загрозуваме само ако сме дома. Да се здружиме сите и да го запреме ширењето на вирусот. Сведете ги физичките контакти на минимум и останете дома колку е можно повеќе. Излегувате само ако сте на работа или ако имате нужна потреба. Кога излегувате придржувајте се кон најсоодветните мерки за заштита и хигиена. Активни се повеќе од 1.000 кревети во болниците, но ајде да се покажеме како херои и да не дозволиме да ги полниме креветите по болниците", посочи Спасовски.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе