Спасовски: Недозволиво е да се рушат истраги

Политиката е една работа, меѓутоа да работите директно против интересите на државата, да се рушат истрагите, е нешто што апсолутно не е дозволено, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Алџезира во однос на објавата од ВМРО-ДПМНЕ на детали од акцијата „Двојник".

„Секој одговорен граѓанин на оваа држава, посебно политичар, ако добие каква било информација за некакви нелегални дејствија, ако има за тоа некакви сознанија, треба да ги сподели најпрвин со Обвинителството. Меѓутоа, знаејќи дека има таква истрага, овие податоци се споделуваат во јавноста, во еден момент кога се знае дека ќе имаме реализација на истрагата. Тоа не може на никаков друг начин да се нарече освен обид за саботирање на истрагата. Од кои причини, мислам дека ќе се покаже во наредниот период и за тоа треба Обвинителството да реагира, треба да се утврдат овие факти“, наведува Спасовски во изјавата што ја сподели на неговиот Фејсбук профил. 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе