Спасовски: Лицата во државен карантин најмалку што можат да направат е да бидат коректни

Ирелевантно е каде се сместени лицата во државен карантин, важно е дека мора да останат и да се изолираат 14 дена и на тој начин да го намалиме ризикот од ширење на кронавирусот, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски. Во овој момент, според него, нема поважна работа од тоа да ги заштитиме нашите семејства и нашите граѓани, не може да биде поважно какви се собите и какви се условите во кои се спроведува државниот карантин, иако секаде има добри услови, со добра храна и со добра организација.

„Најважно е секој од нас да помисли што треба да направи најмалку за себе и за државата во овие моменти на вонредна состојба. Овие луѓе се дојдени од критичните подрачја, но не се луѓе што се заболени, туку треба да бидат контролирани во самоизолација со цел да спречиме евентуално понатамошно ширење на вирусот. Треба да го имаат истото разбирање кога се наоѓаат во државен карантин како што беа во моментите кога сакаа или бараа од Владата да се вратат назад во нашата земја. Направивме сѐ и понатаму ќе правиме сѐ за сите наши граѓани, но најмалку што треба да прават тие е да бидат коректни и да бидат на ниво на одговорноста во оваа ситуација. Сега е вонредна состојба и сите имаме одговорност пред нас, пред граѓаните и државата“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој ги повика лицата што се во државен карантин да не шират дезинформации.

„Основниот пакет во државниот карантин како сместувањето, трите оброка и водата го имаат сите кои се наоѓаат во државен карантин. Ако некој сака дополнителни услуги во хотелот да земе плус од она што е определено од државата тоа е нешто што се наплаќа. Мислам дека тука настануваат најголемите забуни“, потенцира Спасовски.

Тој уште кажа дека секаде се обезбедува лекарска контрола и грижа врз основа на проценките кои ги прават лекарите и врз основа на состојбата која ја имаме на терен.

„Колку повеќе недисцилина во спроведувањето на мерките, толку повеќе новозаболени и толку повеќе се отвораат услови за уште порестриктивни мерки. Затоа е многу важно сите во државата да помогнеме што е можно пократко да трае кризата и да имаме што е можно помал удар врз економијата. Сите да направиме сѐ за да си помогнеме себе си и да и помогнеме на економијата. Владата ќе направи сѐ како што прави и досега за да се заштитиме како граѓани и да ѝ помогнеме на економијата“, изјави Спасовски, додавајќи дека досега имало десетина лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација заради што биле сместени во државен карантин.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе