Спасовски: Гарантирањето на безбедноста на нашите граѓани отсекогаш било и ќе остане приоритет за сите нас

Гарантирањето на безбедноста и на сигурноста на нашите граѓани отсекогаш била и ќе остане приоритет за сите нас. Предизвиците се исти, се менуваат само начините како ќе се справуваме со нив. Илегалната миграција, организираниот криминал, трговијата со оружје, дрога, трговија со луѓе, борбата против корупцијата се на врвот на агендите на институциите со кои раководиме.

Ова денеска го потенцираше во своето излагање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е домаќин на конференцијата на министри за внатрешни работи на земјите од иницијативата „Берлински процес", како и претставници на ЕУ, на тема „Национална, прекугранична и безбедност на луѓето во време на пандемија: стратегија, координација и синергија помеѓу ЕУ и Западен Балкан".

Спасовски, кој заедно со со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија Христо Терзијски, копретседава со денешната конференција, посочи дека во последно време актуелни се прашањата за затворените граници, ограничување на личните слободи во корист на колетивната безбедност, дискусии за оправданоста за олабавувањето или зајакнувањето на мерките, а за сето ова, истакна, се дискутира и одлучува на национално ниво согласно механизмите за одлучување во секоја национална структура.

За кусо време и за релативно бурен политички период во целиот период на Западен Балкан утврдивме јасен правец на дејствување и патека по кој, со што полека но сигурно регионот станува сопственик на процесите кои сака да ги воведе, а тоа е повеќе од очигледно со оглед на сите реформски постапки, добрососедски политики и иницијативи, затворање на децениските отворени прашања кои во изминатиот период се реализираа во нашите земји, рече Спасовски.

С.Македонија, подвлече тој, останува целосно посветена на европската агенда и продолжува со несмален интензитет и одговорна работа за реализација на сите активности кон европеизација на земјата и нејзино приближување до евроатлантските системи. Исто така, рече Спасовски, ќе настојуваме да останеме позитивен пример во одржувањето добрососедските односи, со креирање долгорочни партнерства за идните генерации.

Тој изрази задоволство од соработката и координацијата со Бугарија во однос на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес и истакна дека заедничкото организирање и претседавање на денешниот состанок се вистинки доказ дека со волја и посветеност може да се постигне многу дури и во услови на пандемија.

„ Иднината на регионот е во ЕУ, а нашата одговорност е тоа да го реализираме, а заедно секогаш можеме повеќе“, порача Спасовски.

Кога ќе стивне коронакризата, и ќе се соочиме со шансата и предизвикот одново да ги евалуираме и да ги оформиме нашите приоритети во однос на демократијата, општеството или комуникацијата, меѓусебната соработката ќе ни биде потребна повеќе од кога и да било порано. Основата за се понатаму и во нашата борба против криминалот и во меѓусебните односи и заедничкото функционирање, била и ќе остане способноста да се соработува на еднакво ниво за заедички цели дефинирани од сите нас. Интеграцијата во Европа не е само политички, економски и културен проект, туку и процес на учење ориентирано кон праксата на постојано заедничко практикување на трајните вредности на едно демократско општество, а тоа се владеење на правото, развиено граѓанско општество и бескомпромисно почитување на човковите права, потенцира министерот Спасовски.

 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе