петок, 10 мај 2024

Судир меѓу полицијата и демонстранти пред фабриката на „Тесла“ кај Берлин (ФОТО+ВИДЕО)

Демонстрантите што се противат на проширувањето на фабриката на американскиот производител на електрични возила Тесла во Грунехајде, во близина на Берлин, се судрија со полицијата додека некои се обидоа да упаднат во објектот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 800 луѓе учествуваа на протестот, според организационата група Дисрапт Тесла, која тврди дека проширувањето ќе ѝ наштети на животната средина.

Видеото на Ројтерс покажува десетици луѓе што носат сини капи и маски на лицата како доаѓаат од блиската пошумена област и се обидуваат да упаднат во просториите на компанијата додека полицијата се обидува да ги спречи, вклучително и со употреба на сила. Најмалку еден демонстрант е приведен.

„Зошто полицијата толку лесно ги пушта левичарските демонстранти?“, напиша Илон Маск на својата платформа за социјалните мрежи Икс, додавајќи дека демонстрантите не успеале да се пробијат.

На видеото се гледа и како медицински персонал им помага на некои од повредените.

„Тука сме денес за да привлечеме внимание кон фабриката на Тесла во Грунхајде поради уништувањето на животната средина“, изјави за Ројтерс портпаролот на Дисрапт Тесла, Оле Бекер.

Групата, исто така, сака да предупреди за уништувањето на животната средина во земји како Аргентина или Боливија предизвикано од ископувањето на литиум, според Бекер. Литиумот е клучен ресурс за батериите на електричните возила.

Од полицијата потврдија дека демонстрантите се обиделе да влезат во кругот на фабриката, но биле спречени, неколку лица биле приведени и примени се неколку пријави за повредени.

Некои од демонстрантите оштетија неколку автомобили на „Тесла“ со пиротехнички средства и боја во блиското складиште за автомобили, додаде портпаролот на полицијата.

Тесла во почетокот на оваа недела соопшти дека ќе ја затвори фабриката на еден ден во петок, без да наведе причина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ