Спасовски апелира протестите да бидат мирни и демократски

Граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира, меѓутоа протестите мора да бидат мирни и демократски, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. Насилството кон оние кои го оддржуваат редот – врз македонската полиција, врз институциите нема да придонесе кон ништо”, рече Спасовски.

Тој кажа дека има најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции.

„Вчера имавме обид за ескалација, имаме четворица повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот”, изјави Спасовски.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе