ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

Советникот Витанов ја напушти ВМРО-НП, како независен ќе стои зад СДСМ (ВИДЕО)

Советникот од ВМРО-НП Мето Витанов се повлече од партијата, но како независен советник ќе го поддржува СДСМ во Советот. Истовремено, иако викендов соопшти дека ќе ја поддржи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица, сега Витанов го демантира тоа.

Витанов во денешната изјава вели дека бил изманипулиран од централното раководство на ВМРО-Народна партија, и затоа изглегува од партијата и мандатот ќе го одработи како независен советник.

„Јас како советник на ВМРО-НП, која до вчера коалицираше со СДСМ, сум грубо изманипулиран од мојата партија по одлуката да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во советот. Поради несериозноста, давам оставка, мандатот ќе го работам како независен и ќе ја поддржам советничката група на СДСМ“, вели Витанов.

Денеска се огласи и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-НП, Ристо Пецев, со изјава дека градскиот огранок стои зад неговата одлука и му даваат целосна поддршка.

Реакцијата следува откако советникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Пакетов викендов на прес-конференција, на која беше присутен и самиот Витанов, изјави дека тој преминал во коалиција со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дека СДСМ го загубил мнозинството во Советот на општина Струмица. Тој побара итно да се одржи седница и да се избере нов претседател на Советот, како и нов градоначалник.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе