Локални избори

Советите ќе се изберат по првиот круг, 56% од кандидатите се мажи, а 44% се жени

Денеска граѓаните на Македонија на седмите по ред локални избори ќе гласаат за нови градоначалници (299 кандидати) и општински совети (10.532 кандидати за 577 советнички листи) за 80 општини и Град Скопје. Право на глас имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. На овие избори Македонија влегува со најголем избирачки список досега, 10 илјади гласачи повоеќе од изборите во 2017-та и дури 80 илјади повеќе од избирачкиот список во 2013-та година.

Во првиот круг за избран градоначалник се смета оној кандидат кој ќе освои 51отсто од гласовите, но само под услов изленоста во општината да надминува 1/3 од вкупниот број запишани гласачи. Ако не се постигне ваквиот услов, двајцата кандидати за градоначалници кои освоиле најмногу гласови во првиот круг, ќе се натпреваруваат во втор круг. Вториот круг ќе се одржи на 31 октомври. Во прв круг градоначаници ќе добијат општините каде има само двајца кандидати, а такви на овие избори има 25 општини.

Изборот на советници во општинските совети се врши само во првиот изборен круг на 17 октомври, при што распределбата на советници се врши според бројот на освоени гласови по Донтовата формула.

На овие избори поднесени се 25 независни кандидатури за градоначалници и 57 независни листи за советници.

Граѓаните кои живеат во една од 10-те скопски општини гласаат на четири одделни избирачки ливчиња, и тоа: за кандидати за градоначалник на Град Скопје и за нивната конкретна општина, како и за кандидатите за членови на Советот на град Скопје, и дополнително, за членови на општинскиот совет во нивната општина.

На овие локални избори за првпат ќе се гласа со биометриска проверка на секој одделен гласач. Пред да може секој граѓанин впишан во Избирачкиот список да гласа, неопходно ќе биде преку уредот за биометриска идентификација да се провери неговиот отисок на прст, којшто ќе треба да се совпаѓа со отисокот кој го има во базата која е внесена во уредот за идентификација.

Александар Даштевски, претседателот на ДИК најави дека за објавувањето на изборните резултати можно е овој пат да треба повеќе време, бидејќи ќе се споредуваат резултатите од ливчињата со дадените отпечатоци од прсти на гласачите.

„Можеби ќе биде малку поспоро од порано, меѓутоа ќе биде доволно брзо за граѓаните на време да бидат информирани. Подобро да информираме точно кои се резултатите отколку да брзаме“, рече Даштевски.

Најголем избирачки список има општина Куманово каде се запишани 93.986 гласачи, а најмалку има во општина Лозово со само 1.984 гласачи.

Утрово во 7 часот треба да се отворат вкупно 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје

Статистиката на ДИК покажува дека 56% од кандидатите се мажи, а 44% се жени.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе