Совет на амбасадори: Зајакнување на институциите, а не чести избори

Ги повикуваме политичките партии на власта и опозицијата преку нивната работа во органите на Владата и Собранието сестрано да се ангажираат во реализирање на предвидените реформи во сите области на живеењето со цел побрза интеграција на земјата во Унијата, се вели во соопштението на Советот на амбасадори.

Партиите наместо нивниот фокус да го ставаат во организирањето на чести предвремени избори (со што ја слабнат економијата) нивниот фокус да биде во зголемување на ефикасноста на работата на Собранието и зајакнување на институциите на државата, сметаат од Советот на амбасадори.

Здружението за надворешна и меѓународна политика смета дека „и покрај многу пати потврдените заложби за проширување на Европската Унија, лидерите на земјите членки не смогнаа сили да одредат и конкретен датум за оддржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Република Северна Македонија и Албанија и покрај многу пати повторената констатација дека двете земји ги исполнуваат критериумите за почеток на преговорите“.

Советот посебно го поздравува претставениот економско-инвестициски план (EIP) на ЕУ и насоките за спроведување на Зелената агенда на Западен Балкан кој предвидува инвестициски пакет од 30 милијарди евра за регионот за наредните седум години кој значително ќе придонесе за економски развој за целиот регион.

Совет на амбасадори високо ги ценaт напорите на Ентони Блинкен, државен секретар на САД и Жозеп Борел, висок претставник за надворешната политика на ЕУ за изнаоѓање на брзо решение во спорот со Бугарија во полза на поспешување на интегративниот пат на Македонија и Албанија кон Европската Унија.

„Ги повикуваме бугарските лидери да бидат пофлексибилни и по пријателски настроени кон земјите на Западен Балкан во процесот на проширувањето на Унијата, наместо непотребно да го блокираат процесот“, соопшти Советот на амбасадори.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе