Совет на амбасадори: Разочарувачки се изјавите од Бугарија

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на Амбасадори, следејќи ги политичките настани во Бугарија за време на парламентарните и претседателски избори изминатиот викенд, со жалење констатира дека Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во ова соседна и пријателска земја.

„Советот на Амбасадори со разочарување ја прими најавата на МНР на Република Бугарија, како и изјавата на министерот Светлан Стоев дадена на состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставникот на Европската Унија во Софија, дека Бугарија нема да поддржи почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, во декември оваа година.

Совет на Амбасадори смета дека ваквото постапување од Република Бугарија не е во насока на напорите на Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, на земјите членки на Унијата и на американскиот Стејт Департмент, за што  поскоро одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија.

Советот на Амбасадори оценува дека оваа најава е особено неповолна и опасна во време кога земјите на Западниот Балкан се соочуваат со закани по безбедноста на регионот, со влошување на епидемиолошката состојба со ковид-19, и со енергетска криза“, се наведува во соопштението од Советот.

Оттаму додаваат дека се надеваат оти и покрај овие најави, државните чинители на Бугарија ќе смогнат сили на Самитот на ЕУ во декември да ѝ го отворат патот на Република Северна Македонија кон побрзо интегрирање во Европската Унија.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе