Совет на амбасадори: Инвазијата на Украина ја направи интеграцијата уште поитна

Совет на Амбасадори ги поздравува напорите и иницијативите за силната подршка на САД и на Европската Унија за итното зачленување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија изразена преку пораките на помошник државниот секретар за eвропски и евроазијски прашања Карен Донфрид до највисокиот државен врв за време на нејзината посета на Скопје како и преку пораките од средбата на специјалниот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар и Карен Донфрид со Оливер Вархеји, Комисар за проширување на ЕУ вчера во Тирана, се вели во соопштението од Совет на Амбасадори.

Советот смета дека заедничката констатација од средбата дека неоправданата инвазија на Украина ја направи интеграцијата уште поитна и тоа е вистински патоказ по кој треба да се движат заложбите на земјите членки и институциите на ЕУ во интеграцијскиот процес.

Од Советот на амбасадори ги оценуваат како неприфатливи и уценувачки изјавите на некои високи политички раководители на Бугарија за неукинување во догледно време на ветото во интеграцијскиот процес за Република Македонија и смета дека тој потег го остава отворен патот за дестабилизација на Балканот.

„Високо ги цениме напорите и заложбите на земјата за потполна реализација на правата на сите етникуми во земјата вклучувајќи ги тука и правата на Бугарите кои живеат во Северна Македонија и се залагаме при отворањето на Уставот за влез во ЕУ да се внесат и Бугарите во Уставот, без разлика на нивната мала прицентуална застапеност. Тоа е трајна заложба на институциите на земјата за потполна рамноправност на сите граѓани кои живеат во земјата.

Високо оценувајќи ги заложбите на Франција за проширувањето на Унијата Советот реално очекува за време на француското претседателство, ЕУ конечно да ги отвори вратите за почеток на преговорите за полноправно членство на Северна Македонија и Албанија,“ се вели во соопштението.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе