Совет на амбасадори: ЕУ да не ги условува преговорите со уставни промени

По повод францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Македонија кон ЕУ, Советот на амбасадори смета дека членството во ЕУ нема алтернативи и е не само од стратешко значење за нашата држава туку и безбедносно прашање за целиот регион. Се надеваме и очекуваме ЕУ да има доволно чувство за реална проценка на политичката состојба во Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен за кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови, се вели во соопштението на Советот на амбасадори.

„Во оваа насока, Советот ги поздравува напорите на претседателот Макрон и на канцеларот Шолц, како и на другите лидери и дипломати на ЕУ и САД, кои активно ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Во отсуство на јавна објава на интегралниот текст на францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава бројни негативни реакции кои го јакнат евроскептицизмот и национализмот во државата, Совет на амбасадори смета дека треба најнапред да се добие целиот текст, внимателно да се анализира, а потоа да се заземат соодветни позиции кои ќе ги одразуваат долгорочните национални интереси на државата и нејзините граѓани.

Совет на амбасадори смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелно реформирање и пристапување на државата - кандидат кон Европската Унија.

Оттука, Советот изразува надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе усвојат рамка која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот, а Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава во чиј национален интерес е соседната држава Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.

Советот смета дека утврдувањето на „Преговарачката рамка“ и управувањето со механизамите за нејзино спроведување треба да биде реализирано од Брисел, а не од Софија. На тој начин ќе се намали можноста за „зачестени блокади“ на пристапниот процес, од што најмногу стравуваат граѓаните на нашата држава.

Совет на Амбасадори уште еднаш подвлекува дека сегашниот консенсуален начин на донесување на одлуки ги блокира процесите на одлучување во Унијата, и неодамнешната констатација на канцеларот Олаф Шолц дека „ЕУ треба да ги модернизира структурите и процесите за носење одлуки“ го смета за вистински исчекор кон нејзино реформирање.

Апелираме до Владата да го сочува достоинството на нашите граѓани и да ги почитува и опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Република Северна Македонија“, стои во соопштението на Советот на амбасадори.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе