Состојбата со пандемијата во градинките е стабилна, вели Шахпаска

Состојбата поврзана со ковид-пандемијата во детските градинки и центрите за лица со посебни потреби е стабилна. Тие остануваат и натаму отворени, но без можност да се зголемува бројот на згрижени деца во градинките, определен согласно здравствените протоколи, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Во градинките согласно последниот неделен извештај има три нови позитивни дечиња, и 18 вработени. Бројот на деца присутни во градинките во моментов е најголем и сега има 13.350 деца присутни во градинките од вкупно 21.300 колку што според протокол смее да бидат во градинките“, рече Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Народна кујна во Шуто Оризари.

Таа вели дека со наближување на пролетта и сѐ потоплото време има поголем интерес од родителите да ги праќаат децата во градинка, но повтори дека сѐ уште нема промена на бројката на деца кои може да бидат згрижени во градинките, односно зголемување на опфатот. Комисијата за заразни болести, рече, останува на ставот дека зголемување на бројот не може да има.

„Бројот на деца кои се згрижуваат во градинките останува на исто ниво. Во јасли може да бидат згрижени најмногу 12 деца, а во групите од две до шест години најмногу 15“, изјави Шахпаска, додавајќи дека комисијата не се согласила бројот на деца во поголемите групи да биде зголемен на 17 или 18 деца.

Според неа, стабилна е состојбата и во Дневните центри за лицата со посебни потреби, а во изолација има 5-6 вработени и осум корисници.

 

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе