Собраниското мнозинство има проблем со обезбедување мнозинство

И денеска собраниското мнозинство имаше проблем во обезбедувањето на кворум за да може Собранието нормално да работи. Конфликтот меѓу владините коалициски партнери Алтернатива, ДУИ и СДСМ му прави проблем на собранискиот спикер Талат Џафери да може нормално да работи. Тој минатата недела се закани и со распуштање на Собранието.

Пратениците на Алтернатива и денеска не присуствуваа на закажаната собраниска седница бидејќи премиерот Димитар Ковачевски не именувал веќе договорени кадри од партијата на Африм Гаши и дека Џафери веќе неколку месеци не ја продолжува седницата за избор на Хусни Исмаили од Алтернатива за потпретседател на Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери е приморан само да го одложува гласањето за точките од дневниот ред. Доколку не се обезбеди кворум во Собранието, ќе поднесам иницијатива за распуштање на Собранието, рече минатата недела Џафери.

„Во овие моменти, Собранието треба да функционира, без разлика дали на некој му се допаѓа тоа или не. Уцените не се дел од демократијата. Кој не сака да биде дел од мнозинството, треба да каже дека од денеска не е мнозинство и нека прави мнозинство со кого сака“, рече Џафери и додаде дека проблемите во коалицијата треба да се решаваат на друго место, а не во Собранието.

Џафери вчера закажа продолжение на седницата на која треба Исмаили да биде избран за потпретседател на Собранието, но засега не се знае кога оваа точка од дневниот ред ќе биде отворена.

Периодов се соочуваме со крајно нефункционално Собрание, се закажуваат седници, а на самите седници нема кворум за нивно одржување, рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Исто така, за да се покаже пред македонската јавност дека нешто се работи во Собранието се закажуваат стари седници со отворени точки, а притоа собраниското раководство не може да обезбеди ниту министри ниту заменици министри да присуствуваат на седниците и затоа точките не се отвораат со изговор дека нема претставници од Владата. Кредибилитетот на Собранието е урнат до таа мера што владините претставници не се појавуваат на седници, што притоа им е законска обврска. Дополнително, не пристигнуваат никакви нови закони од Владата што е знак дека оваа Влада на Ковачевски е толку заспана и некадарна што во време на криза додека други земји носат најразлични мерки за да им помогнат на своите граѓани, СДСМ и ДУИ се однесуваат како државата да цвета, а во релноста граѓаните не знаат како да спојат крај со крај. Додека цел свет се подготвува за предизвиците и кризите со кои ќе се соочиме во зимскиот период, Владата на Ковачевски нема ниту план, ниту капацитет да им помогне на граѓаните за периодот кој ни следи. Со ваквото неодговорно однесување, на граѓаните повторно како во изминатите години ќе им бидат пласирани некакви избрзани антикризни мерки кои нема да имаат никаков ефект врз животниот стандард. Цените на основните производи секојдневно си растат, а за зголемување на платите Ковачевски не сака ниту да чуе“, истакна Лефков.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе