Собрание

Собраниската Комисија за одбрана е за продолжување на кризната состојба до 30 јуни

Собраниската комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја усвои и ќе ја проследи предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од СЗО пд ковид-19.

Во предлог-одлуката се бара продолжување на кризната состојба до 30 јуни 2021 година, за што пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поднесоа амандман рокот да се намали на три месеци односно кризната состојба да се продолжи до 31 март 2021, што не беше прифатено од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во образложението Спасовски појасни дека е многу порационално да има можност за шест месеци кризна состојба отколку тоа да се прави на три месеци. Ги повика пратениците од опозицијата и им укажа на пратениците дека имаат деловнички можности да отворат дебата кога сакаат за сите прашања. Спасовски им предложи да ја искористат законската можност како пратеници – членови на Комисијата за одбрана и безбедност да учествуваат во работата на Управувачкиот комитет, каде што се разгледува планот и се носи план за кризна состојба, а се даваат предлози и мерки.

„Оваа кризна состојба во овој период од месец дена дава ефекти. Дали тие ефекти се доволни или не, тоа е веќе прашање на дисксусија. Ако погледнете не само во нашата државата, туку во регионот, Европа и светот, период во кој се подготвувавме за ковид кризата имавме многу помали бројки и затоа ние говоревме, пред се експертите во Комисијата за заразни болести укажуваа дека ќе дојде вториот бран, што ќе биде многу полош и за жал тоа ни се случува, но и на целиот свет. Имаме можност, има добри ефекти кои се во делот на кризната состојба, а во делот на тоа што е искористено како капацитет во кризната состојба ќе го добиете во известувањето, им се обрати на пратениците – членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност“, министерот Спасовски.

Приватните ресурси, потенцира Спасовски, во овој момент не се искористени од ниту еден приватен правен субјект.

Тој информира дека Владата подготвува месечен извештај што го доставува до Собранието за прогласувањето на кризната состојба односно од 2015 година до денеска Собранието ги добива сите информации за тоа што се работи во кризната состојба во делот на миграцијата и сега на завршување на месец дена на кризната состојба ќе ги добие сите информации за тоа што е направено во кризна состојба.

Пратениците од опозицијата се изјаснија дека не се за тоа да се прекине кризната состојба, туку сметаат оти треба да се продолжи, но бараат извештај и објаснување што Владата искористила од можностите што и се отвораат со прогласување на кризната состојба. Оценија дека не доволно се искористени мерките и лошо се справуваме со ковид – епидемијата. Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и Бране Петрушевски прашаа во која насока ќе се движиме понатаму, зошто е зголемен бројот на хоспитализирани, каква е превенција од Ковид – 19, а побараа и информација за тоа кои конкретни мерки се преземени односно искористени.

Министерот Спасовски истакна дека има пад на бројот на заразени, а подобрени се и здравствените услуги од почетокот досега.

„Ако сме имале капацитет 100 до 120 теста да се прават во март за ковид – 19, а сега правиме  од три до четири илјади покажува колку е зголемен капацитетот. Ако имавме  90 до 100 легла ковид во почетокот во болниците сега имаме 1.400 – 1.500 и има слободни места во системот, тоа покажува дека навистина се зајакнати овие мерки“. Во однос на превенцијата, Спасовски меѓу другото потенцира колку е важно каква порака ќе се испрати до граѓаните. Во таа насока на пратениците од опозицијата им рече дека не може да зборуваат за превенција, а вечер, подвлече Спасовски, да се групирате по 200 и 300  луѓе по собири, како опозиција. Не знам зошто тоа се прави и да говориме за превенција, нема вистинска превенција ако така постапуваме неодговорно кон граѓаните, рече тој.

Според Павле Трајанов, пратеник од ДС, голема е одговорноста на Парламентот да ја прекине кризната состојба затоа што ако се влоши сосотјбата Владата ќе има стеснет простор да дејствува и затоа и смета дека треба да донесе одлука за нејзино продолжување. Сепак, потенцира можеби треба да се промени се додека има потреба од кризна состојба, но не подолго од 30 јуни 2021 година. Побара да се актуелизира потребата Владата и надлежните институции да подготват закон за вонредна и воена состојба, длабока реформа да претрпи  системот за управување со кризи заштита и управување, кој, според Трајанов е нефункционален и сугерираше  на неопходноста за конкретна платформа за дејствување во услови на пандемија.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе