Собраниската комисија расправа за предлогот Јовески да биде уставен судија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за предлог јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Според опозицијата Јовески непрофесионално ја извршува актуелната функција и работи во интерес на власта и од таа причина, според нив, „не е соодветен за функцијата уставен судија".

„Не презеде дејствија за коишто е задолжен и има и дадено заклетва како јавен обвинител. Тоа значи дека свесно и намерно не постапуваше и правеше тешка злоупотреба на службената положба. Јавното обвинителство има надлежности што се точно и прецизно утврдени со Закон и е единствен орган надлежен за дејствија“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Комисиската расправа ќе продолжи по паузата во 15:30 часот, а најавено е дека ќе продолжи и по 18:00 часот.

Љубомир Јовески е последен кандидат за кој расправа Комисијата. Предложен е од СДСМ покрај другите двајца кандидати, Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, кои ја добија поддршката од Комисијата.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе