Техничка влада

Собранието ја констатира оставката на Заев, Пендаровски ќе му го даде мандатот на Спасовски

Заев не ја образложи оставката пред пратениците, но во документот доставен до Парламентот наведе дека ја поднесува по договорот на лидерите на партиите за избори на 12 април.

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април. Се очекува до полноќ Собранието да ја изгласа техничката Влада, која ќе ја предводи Оливер Спасовски и која од утре, па во следните сто дена треба да ги организира изборите.

Заев не ја образложи оставката пред пратениците, но во документот доставен до Парламентот наведе дека ја поднесува по договорот на лидерите на партиите за избори на 12 април.

Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери претпладнево соопшти дека оставката на Заев ја доставил до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му го врачи мандатот на Спасовски. Тој, пак, до Собранието треба да достави состав на новата техничка Влада и програма за работа. 

Кабинетот на Пендаровски, во меѓувреме информираше дека шефот на фржавата во 13:45 часот, ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници.

Џафери на седницата информираше дека премиерот поднел оставка и дека со тоа во оставка е целата Влада.
Заев не ја образложи оставката пред пратениците, но во документот доставен до Парламентот наведе дека ја поднесува по договорот на лидерите на партиите за избори на 12 април.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на седницата рече дека очекувал премиерот да ја образложи оставката.
„Рече дека ќе владее девет години и три месеци, но на две години и седум месеци и четири дена констатираме оставка на тој истиот човек. Денес е денот кога Македонија и македонскиот народ ќе се ослободи од најнеспособната, најкорумпираната, најнеспособната и најкриминалната власт која ја имала, Денес е денот кога Македонија ќе се ослободи од премиер на којшто лагата му е второ име...", рече Мицевски.
Според него, добра вест во 2020 е што времето на Заев и на СДСМ заврши.
„Падна Катица, падна Заев, на 12 април паѓа и СДСМ", рече Мицевски.
Реплицирајќи му, Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ рече дека опозицијата јавно признава дека се плаши од Заев.
„Судбината ви е таква. Зоран Заев е претседател на СДСМ и таа е вашата судбина, и од судбината нема бегање. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не може да ја научи лекцијата и од изминатите години, а покажа и пред неколку дена и мисли дека со обични лаги и измислици и натаму може да го манипулира својот народ. Во лицата ви се познава дека и вие сами не верувате во тоа што го кажувате", рече Митревски.
Според него, македонските граѓани не се наивни и знаат со кого си имаат работа.
„Свесни сте дека Мицкоски и тоа раководство околу него сѐ уште се директни извршители на наредбите на Никола Груевски", рече координаторот на СДСМ.
Денешниот ден, според Митревски, е само најава за уште една победа на СДСМ и Зоран Заев и дека Македонија ќе биде европска држава.
Во рамки на 127. седница констатирана е оставката и на пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски, која ќе биде дополлнителен заменик министер за администрација и информатичко општество од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе