Собранието го изгласа дневниот ред на 73-тата седница

Доцна попладнево Собранието едногласно со 64 гласа „за" го изгласа дневниот ред на 73-тата седница.

Претходно во текот на денот, пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73-тата седница.

На дневниот ред има 12 точки од кои првата за која во моментов е отворена расправа е Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА", во Босна и Херцеговина. За збор се пријавени 18 говорници, а поради обврски на претседателот на Собранието Тлат Џафери и пречек на делегација седницата ќе продолжи во 21 часот.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе