Универзален ден од 1954 година

Со повеќе настани денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на детето

Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светскиот ден на детето денеска ќе го одбележи отстапувајќи простор на децата самите да се застапуваат за своите права. За таа цел, преку онлајн конференција на платформата „Зум",  Меѓаши ги поканува медиумите да ги отворат нивните камери, пера и срца и да го почитуваат мислењето на децата и она што тие сакаат да ни го соопштат да го пренесат до пошироката јавност. Светскиот ден на детето првпат во 1954 година беше прогласен за Универзален ден на детето и се слави на 20-ти ноември секоја година.

Од Меѓаши велат дека Светскиот ден на детето треба да нè поттикне сите нас и инспирира за застапување, промовирање и спроведување на детските права, преточувајќи ги во дијалози и акции што ќе изградат подобар свет за децата.

Во рамките на настанот „Преосмисли ја иднината – Младински повик за акција", пак, денеска децата и младите ќе упатат Младински повик за акција и ќе разговараат со носителите на одлуки за следните чекори што треба да се преземат за да се преосмисли подобра иднина за секое дете.

Тројца млади говорници, на настанот кој е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, ќе заземат централно место и ќе го претстават повикот за акција што се фокусира на три теми кои децата и младите од земјата ги издвоија како најважни за нив: квалитетно образование, животна средина и квалитетен живот.

Како што информираат од УНИЦЕФ, претседателот Пендаровски и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани ќе се придружат со свој осврт и обраќање.

Во текот на средбата, носителите на одлуки, меѓу кои ќе има пратеници од Собранието, градоначалници, претставници на меѓународните организации и експерти, ќе имаат можност да слушнат повеќе од децата и младите и да се вклучат во подиректен разговор во мали групни дискусии кои ќе бидат водени од самите деца и млади. Тие, исто така, ќе имаат можност да разговараат за конкретни акции како одговор на предизвиците во секоја од трите теми.

Настанот е дел од целогодишната иницијатива на младински консултации „Преосмисли ја иднината" во која младите од целата земја ги споделија своите гледишта и идеи за решавање на најголемите предизвици што ги засегаат нивните животи и нивната иднина и ќе може да се проследи преку пренос во живо на социјалните мрежи на Unicef MK.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе