На прес-конференција

Со кампања под мотото „Вакцинирај се“ премиерот Заев ги повика граѓаните да помогнат да се стави крај на пандемијата

Со пораки за безбедност на вакцините против ковид-19, за тоа дека вакцинацијата е единствен спас за враќање на нормалниот живот... премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција ја промовираа кампањата под мотото „Вакцинирај се". Премиерот Заев посочи дека само со вакцината против ковид-19 ќе го зачуваме колективното здравје и ќе може да ги видиме насмевките без маски.

„Од денес започнува кампањата која е од јавен интерес за заштита на граѓаните. Се наоѓаме во критична фаза наметната од мутациите за ковид-19, и ова ја укажуваат потребата од масовно и точно информирање за вакцинирањето. Вакцините се единствениот спас од тешки форми на болеста и смртен исход и граѓаните мора да ги имаат точните информации за вакцинацијата. Новиот пик и делта сој покажаа дека единствена превенција е само вакцинацијата. Новите мерки даваат ефект, а тоа го покажуваат и бројките. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Вакцинацијата е патот кој ќе не доведе до поголем опфат до заштитени граѓани. За да го поттикнеме овој тренд ја лансираме оваа кампања „Вакцинирај се" со која ќе можеме да ги видиме насмевките без маски, како и прегратките кои на сите ни недостасуваат", порача Заев на прес-конференцијата.

Тој додаде дека повикот е едноставен, јасен и гласи „Вакцинирај се" , за масовна вакцинација, за среќни училишни денови.

„Повикот „Вакцинирај се" е да се вратат и артистите на сцените и да ги поздравивме нивните изведби со аплауз без да се грижиме дали некој ќе ни пренесе вирус, а исто така посакуваме да се вратиме и на спортските терени. Надминавме 1 милион и 160 илјади аплицирани дози вакцини и вакцинацијата се одвива непречено. Вакцини има доволно и постојано се надополнуваат. Само со вакцинација ќе го зачуваме колективното здравје. Вакцините се единствениот начин да ги одмориме лекарите и тие да може да се вратат на нормалниот начин на работа. Разбирливо беше кога светот не знаеше ништо за вакцините, но денес е поинаку, знаеме за вакцините. Сите сакаме да си го вратиме спокојот, а тоа може да се постигне само кога ќе имаме имунизирано и заштитено население. Според динамиката пред нас е период во кој може состојбата да биде критична, а сите статистики покажуваат дека има повеќе заразени онаму каде е помал опфат на имунизирани граѓани. Смртните случаи и оние со потешки форми се главно невакцинирани. Вакцината е безбедна и граѓаните немаат компликации", порача Заев.

Премиерот им порача на антиваксерите дека протестот е загарантирано демократско право, но вели дека исто така загарантирано право е и правото на здравје.

„Кампањата има за цел да го сврти вниманието на граѓаните кога до нив стигаат вести кои не почиваат на вистини и проверени вести. Секој глас за вакцина, е глас за спас и вакцината е спас за цела планета. Вакцинирај се за да ги вратиме моментите на дружба без грижа, за да се вратиме на старото нормално", подвлече Заев.

Националната кампања за вакцинација има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата за личната и колективна здравствена безбедност и за да ги разбиеме сите митови и лажни информации за болеста и вакцината, бидејќи ни е потребен повисок степен на колективен имунитет, изјави министерот за здравство Венко Филипче нагласувајќи дека се работи за најголем глобален предизвик за човештвотово последните 100 години.

„Преку кампањата ќе се бориме против дезинформациите кои ги збунуваат и плашат граѓаните. Сакаме да нѝ помогне секој кој тоа го смета за исправно. Ќе побараме соработка со сите лекари и јавни личнсти кои сакаат да се вклучат во кампањата. Пандемијата драстично нѝ го промени животот и светот, затоа нѝ е потребна кампања која носталгично потсетува што сѐ загубивме со пандемијатата - другарувања, прослави, училишни и семејни радости, нормален живот. Овие пораки никого нема да остават рамнидушен. Апелирам , вакинирајте се! Јавното здравје е заедничка одговорност. Повторувам, имунизацијата се добива после определен период по втората доза на вакцина", рече министерот.

„Ова е состојба на криза,единствено со вакцинација кризата може да ја пребродиме. Новиот бран на коронавирусот е силен, расте бројот на болни и на оние кои за жал ја губат борбатаза живот. Секојдневно имаме потврда дека таму каде што е понизок одзивот на вакцинацијата имаме посилен притисок врз здравствениот систем, како во Тетово и Гостивар. Морам да повторам дека вакцината дава силен имунолошки одговор, само десетина проценти од целосно имунизираните по две недели од втората доза се заразиле, а смртен исход има кај 9 пациенти кои имале повеќе хронични болести и кревко здравје", рече Филипче.

Тој нагласи дека вакцината е најсилното оружје и дека сите вакцини со кои Македонија располага се добри и сигурни.

„Нема дилема дека антителата што се создаваат кај пациентите по прележниот вирус штитат одреден период, но имунитетот стекнат од вакцината е многу подолготраен и поефикасен“, рече министерот.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе