„Службен весник“ за време на вонредната состојба ќе излегува само во електронска форма

Издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредната состојба ќе се врши само во електронска форма.

„Согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во ‘Службен весник на Република Македонија‘ за време на вонредна состојба, издавањето на службеното гласило ‘Службен весник на Република Северна Македонија‘ и објавувањето на законите и другите прописи и акти во ‘Службен весник на Република Северна Македонија‘ за време на траењето на вонредната состојба ќе се врши само во електронска форма“, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на ЈП „Службен весник“.
Од таа причина, како што се додава, на сите активни претплатници кои службеното гласило го добиваат во печатена форма, ќе им се овозможи непречен пристап до изданието во електронска форма, како и пристап преку мобилната апликација за што е потребно во најкраток можен рок да ги достават следниве податоци кои треба да бидат во согласност со бројот на претплати на печатеното издание: назив на фирма, име и презиме на корисникот, и-меил адреса.

Од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија ги информираат претплатниците податоците да ги пратат на е-маил pretplata@slvesnik.com.mk

Телефон за контакт: Централа – 02-55-12-400,  Служба за претплата – 02-5512421; 02-5512422; 02-5512426; 02-5512427.  

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе