вторник, 16 април 2024

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денеска изјави дека ги повикува земјите да воведат санкции за иранската ракетна програма и да ја прогласат нејзината Револуционерна гарда како терористичка организација по првиот директен напад на Иран врз Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај воениот одговор на лансирањето проектили и беспилотни летала, јас водам дипломатски напад врз Иран“, рече Кац во објава на социјалните мрежи.

Кац додаде дека испратил писма до 32 земји и разговарал со многу колеги, барајќи од нив „да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат Револуционерната гарда за терористичка организација како начин да се запре и ослабне Иран“.

„Мораме да го запреме Иран сега, пред да биде предоцна“, вели Кац.

Израел соопшти дека ќе одговори на иранскиот напад со проектили и беспилотни летала во текот на викендот, и покрај повиците од сојузниците за воздржаност за да се избегне ескалација на блискоисточниот конфликт.

Групата од седум индустриски најразвиени земји Г7, веќе работи на пакет координирани мерки против Иран, објави британскиот премиер Риши Сунак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ