Не стивнуваат реакциите

Скандалот со Тозија се шири, реагираат и словенечките медиуми

Политичко и морално дно. Државни службеници на нашата пријателска земја Македонија, словенечките водачи ги нарекуваат криминалци. Примитивизам. Ова се првите реакции на словенечки медиум по квалификациите кои директорот на македонската Агенцијата за филм Горјан Тозија ги прошири преку социјалните мрежи за тоа дека Пленковиќ, Јанша, Орбан, Груевски се дел од една криминална банда. Овие вербални екскурзии на Тозија не наидоа на одобрување и кај неговите довчерашни соборци од „Шарената револуција“.

Во дебата по социјалните мрежи, светот ја виде светлината на еден првокласен срам и навреда на нашата земја од странски претставник на една голема партија, владин претставник од „идеолошкиот“ базен на Зоран Заев, пишува словенечкиот портал „Во фокусот“, а написот веднаш беше пренесен и од порталот „Демокрација“.

Порталот пишува дека за функционерот на Владата на СДСМ, Горјан Тозија, директор на македонската владина Агенција за филм, словенечкиот премиер Јанез Јанша, премиерите на Хрватска и Унгарија Пленковиќ и Орбан, заедно со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, се членови на клуб на криминалци.

„Во примитивната и непристојна комуникација Тозија ги нарече претседателите на Унгарија, Хрватска и Словенија недемократи. Тој дури ги охрабрува учесниците во дебатата да не се извинуваат за кажаните и напишаните зборови. Но чудно е тоа што нема официјална реакција од македонските власти. Не негираат, не се дистанцираат од тенденциозните изјави на нивниот функционер, кој води една институција, голем потрошувач на буџетски пари.

Ова дел од оркестрираните јавни навреди и напади врз европски лидери, особено на оние кои се потпираат на традиционалните европски вредности... Тишината значи дека се согласуваш, а  ја „гризеш“ раката од која бараш помош“, пишува „Во фокусот“.

Авторот на написот вели дека дипломатиите во Хрватска и Словенија се подготвуваат за реакција против Македонија, која инаку деновиве доби помош од Словенија за надминување на епидемијата на ковид-19. Прашање е дали оваа земја ќе дозволи добрите односи да бидат уништени од изјавата на личност која нема интегритет да дава морално непристојни изјави, пишува словенечкиот портал.

Сѐ почна, најпрво со скандалот со поштенската марка на македонска Пошта, која беше издадена, па повлечена, а на која беше претставена картата на НДХ, усташка Хрватска од Втората светска војна. По ова се разви дебата по социјалните мрежи во која се вклучи и Горјан Тозија, кој за владеачката партија на Хрватска напиша дека е усташка, дека Хрватска е фашистичка земја, дека премиерите на Словенија, Хрватска и Унгарија се членови на криминален клуб. 

Судир во левицата, Илиевска и Милчин против Тозија

По тешкиот меѓународен скандал што го предизвика Тозија со своите коментари дојде до неочекувани удари и од неговите довчерашни соборци и соработници од „Шарената револуција“.

Тозија со недели пишуваше дека хрватската влада е фашистичка, дека во ХДЗ се усташи, ги изедначи Павелиќ и Пленковиќ, и ги стави во „криминалниот клуб“ заедно со Јанша и Орбан.

Кога сето ова излезе во медиумите во Хрватска и Македонија и имаше жестока реакција меѓу хравтската јавност (уметници, новинари, друштва...), Тозија, наместо да се извини, се обиде сето ова да го негира, и во неговата изјава од 23 мај напиша дека „има право да се бори против аномалиите и да го критикува фашизмот во сите земји во светот“. Тој вели дека не е спречен тоа да го прави само затоа што е директор на Агенција за филм и државен службеник на македонската влада.

После ова, на неговиот фејсбук-профил се објави жесток коментар од неговата блиска пријателка и соработничка, како што ја нарекуваа иконата на „Шарената револуција“, Ангела Илиевска. Нејзиниот коментар за три минути беше избришан од профилот на Тозија, но Илиевска го објави коментарот на својот фејсбук-профил. Нејзиниот пост доби бројни лајкови од нејзините поранешни соборци, меѓу кои и од режисерот Владимир Милчин.

И Илиевска смета дека Тозија како владин службеник не смеел да пишува такви вулгарни навреди. „Ти, Горјан Тозија како државен службеник во објавите и коментарите на социјалните мрежи не можеш и не смееш да употребуваш говор на омраза.“ Таа, според нејзиниот коментар, се гледа дека е малку повеќе запознаена со целиот случај, па споменува некакви негови јатаци во Хрватска, испраќање на некои луѓе во Загреб..., а сето тоа имплицира дека сите овие навреди на Хрватска, ХДЗ и Пленковиќ се напишани во договор со своите јатаци во Хрватска.

Тозија за реакциите во Хрватска го обвинува директорот на Јадран филм Винко Грубишиќ како главен виновник на жестоките реакции против него. Тозија и Грубишиќ пред македонските судови водат спор за снимањето на ТВ серијата „Македонија“.

Илиевска вели дека токму Тозија ја запознал со Грубушиќ, кој е „морална вертикала“ за него. „Кога веќе толку си опседнат со ликот и делото на Винко Грубишиќ и кога толку самоуверено го употребуваш тоа 'фронтално сум му се спротивставил' еве ќе пишам дека не е така. Tи никогаш не си му се спротивставил фронтално, ниту пак сега го правиш истото. За методите кои ги употребувате ти и твојот јатак од Скопје, влијанијата кои ги остварувате, посетите на истиот во Загреб во некоја друга многу скорешна прилика.

Кога веќе толку сакаш да го употребуваш името на Винко Грубишиќ треба и да напоменам дека тој Винко Грубишиќ го запознав токму преку тебе и познавајќи ве и двајцата по методите на борба и третирање на пријателите, он е морална вертикала за тебе. Потцртај!“, напиша Илиевска.

А.Д.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе