„Сите заедно можеме" почна со реализација на хумана помош за граѓаните во затворите

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме" после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација на хумана помош за граѓаните кои се наоѓаат во Казнено поправните домови и установи. Како што соопшти здружението, хуманитарната помош вклучува пакети со средства за лична хигиена и одредена количина прехранбени производи.

Свесни дека глобална пандемија со коронавирусот предизвика последици врз економијата и погоди многу наши граѓани, во духот на солидарноста, овде сме да им помогнеме на најпогодените, на ранливите категории, но и сите оние кои им е потребна помош, велат од здружението.

Нашата цел, посочуваат оттаму, е да опфатиме што повеќе Казнено поправни домови и установи.

Солидарноста и меѓусебното помагање се нашата водилка. Тука сме за сите граѓани, тука сме да помогнеме. Знаеме дека државата обезбедува услови за овие наши сограѓани, но сметаме дека во ова време помошта им е неопходна и на нив, се наведува во соопштението

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе