Директорот на Државниот завод за статистика за резултатите од пописот

Симовски: Само осум попишувачи се разболеа од ковид-19 за време на пописот

Пописот беше спроведен со почитување на сите здравствени протоколи, а потврда за тоа е фактот што само осум попишувачи се разаболеле од ковид-19, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. „Речиси пет илјади луѓе беа вклучени во целата операција, осум попишувачи заболеа од ковид и немаме досега добиено информација дека кое било домаќинство имало проблем во овој дел, дека некој заболел затоа што попишувачот го пренел вирусот“, рече Симовски.

„Пописот 2021 успешно се заврши и покрај сите неповолности. Сега треба да ги обработиме податоците и крајот на март, почетокот на април идната година да излеземе со конечните податоци од пописот, што е полесниот дел од работата, бидејќи зависи само од нас, без надворешни фактори“, рече Симовски на денешната панел дискусија за Пописот 2021, во организација на ЦИВИЛ.

Клучната работа, според Симовски е дека покрај сите неповолности како што е пандемијата, одложувањето поради политички причини, летните одмори, отворената кампања за бојкот, техничките проблеми со апликацијата и хакерските напади, пописот е успешно спроведен.

„Со самото спроведување на пописот, како институција, се надевам дека покажавме, дека може да се враќа вербата во институциите во државата. Дека постојат институции кои што функционираат како што треба, дека не сме класична бирокртија и дека постоиме за другите“, изјави Симовски.

Тој нагласи дека нема да остане ниту еден човек што нема да биде дел од конечните податоци од пописот.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе