За РСЕ

Симовски: На многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама тоа не ме интересира

Статистика ја регистрира реалноста, а не ја создава. Секогаш ќе има незадоволни, каков попис и да направите. Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Ние мораме овој попис да го спроведеме и она што е до нас ќе го спроведеме, да течат подготовките и она што е врзано со нашата активност. Подготовките си одат без никаков проблем соодветно на програмата, на тајмингот којшто ние сме си го поставиле како институција, и тука до сега немаме никаков проблем“, изјави Симовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, најголемата забелешка на опозицијата била околу земањето отисок од прст на тие што ќе се попишуваат, но како што вели има четири моменти поради кои не може да се прифати таквото барање.

Единствената институција овластена да прибира отисок од прст и да го користи е МВР, и тоа еден сегмент од МВР, мислам дека тоа е Управата каде што даваме податоци кога вадиме лични карти и пасоши. Тие се строго класифицирани податоци кои може да ги користи со посебни уредби, одобренија, на лична основа кој може да ги користи. Ние како институција немаме право да ги користиме тие податоци и не смееме да ги дадеме податоците од кое било статистичко истражување на друга институција. Втората работа е околу техничкиот дел, ние имаме лица, единици на попис коишто немаат отисок во МВР. Тука се прво лицата кое се надвор од државата, не може да дадат, не може физички да остават отисок. Имаме малолетни деца кои немаат лични документи, не сите деца имаат пасоши, а лични карти може да вадите после 16 години, и трето имаме странци кои се дел од пописот, а немаат отисок во МВР. И сега тука се поставува прашањето дали некои ќе бидат повластени да не остават отисок, а некои дискриминирани да оставаат. И на крајот четвртата компонента е што ние веќе имаме подготвено апликација за попис. Допрва ако вградуваме и отисок, мене ќе ми треба уште најмалку година дена да се работи таа апликација да и тој отисок влезе во шемата на таа апликација, што апсолутно нема шанси да го дозволам“, објаснува Симовски.

Тој додава дека и самиот стравува од спроведување на пописот во услови на пандемија, како и дека подготовките се базирале на состојбата од пред две-три недели, кога го имавме најголемиот пик и кога имавме по илјада и кусур заболени луѓе дневно, значи нашите подготовки ги правиме на таков начин.

„Сите учесници на пописот ќе мораат апсолутно строго, најстрого да ги применуваат мерките коишто ги пропишала Комисијата, ама и уште построго од тоа, значи секој мора да носи маска, да има средство за дезинфекција пред да влезе во домаќинството и откако ќе излезе и секој треба да овозможи услови лицата што се попишуваат да знаат што е запишано за нив, значи се од тоа ќе биде регулирано на начин, со протокол, кој независно од состојбите, ќе го спроведуваме“, изјави Симовски.

На прашањето дали очекува оспорување на бројките вели дека секогаш ќе има незадоволни во државата каков и попис да направите и кој и да го прави. Тој очекува „голема црна дупка“ и додава дека прв ќе биде незадоволен од податокот, но тоа не значи дека нема да го прифати.

„Сигурен сум дека на многумина нема да им се бендисуваат резултатите од пописот, ама не ме интересира, ама буквално не ме интересира дали некој, а особено на политички субјекти дали им се бендисуваат податоците. Битната работа е да обезбедиме здрава основа за оние што сме тука и оние кои треба да го планираат развојот на оваа држава во позитивна, добра насока да имаат добра основа, тоа мора да го овозможи пописот“, изјави Симовски.

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе