Силвана Бонева за патни трошоци од ДИК зела 12.000 евра за шест месеци

Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци зела 12.000 евра за патни трошоци, односно речиси половина од вкупно 25.000 евра колку што исплатила Комисијата, објави телевизија „Алсат“

Според ионформациите, на Бонева сè уште не и се исплатени парите за јули и август.

Бонева вели дека исплатата е според законот.

– Сè е исплатено согласно законот – вели Бонева која месечно само за патни трошоци добива по 2.000 евра, плус платата која за членовите на ДИК е над 1.000 евра.

По Бонева, најмногу пари земал Атанас Урумов кој е од Гевгелија и добил 6.800 евра. Бедредин Ибраими, кој доаѓа од Тетово, зел 3.000 евра, Субхи Јакупи од Гостивар добил 2.000 евра. Реџеп Прекопуца добил 500 евра, Игор Милев 370 евра, а претседателот на ДИК, Александар Чичаковски потрошил 150 евра. Виолета Дума и Сашо Срцев не зеле пари за патни трошоци.

Силвана Бонева беше на удар на јавноста и претходно, кога медиумите објавија дека како пратеничка за само една година, за патни трошоци зела 23.000 евра.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе