Силјановска Давкова: За еден човек да биде попишан, мора да биде секојдневно тука

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Гордана Силјановска Давкова која што зборуваше за потписите кои ВМРО-ДПМНЕ ги собира против законот за попис, како и за актуелните случувања во однос на мистериозно бегство и враќање на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Силјановска Давкова потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има полн легитимитет да собира потписи против одреден закон, во овој случај лош закон за попис, бидејќи и начинот на неговото донесување и неговата реализација се лоши. Според неа за вакви прашања мора да има консензус, односно сите политички партии да дадат свои мислења и забелешки, но власта немала слух за барањата на другите политички партии кои не се дел од парламентарното мнозинство.

„ВМРО-ДПМНЕ поднесе многу амандмани кои беа во насока да се поправи законот за попис, односно да бидат имплементирани голем број забелешки кои што ќе придонесеа за многу подобар закон за попис, но парламентарното мнозинство не сакаше да соработува и своеглаво сакаше да истурка таков закон. Кога парламентарците не сакаат да послушаат други колеги парламентарци, тогаш ќе мора да го послушаат народот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ отпочна со собирање потписи, кои засега се навистина во импозантен број“, вели Силјановска Давкова.

Република Македонија е категоризирана како земја во која што владее хибриден режим и токму затоа голем дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ не беа прифатени, вели Давкова.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предложи да се набават апарати за фингер принт, со што пописот би добил многу повеќе на легитимитет и релевантност, но власта не е за таков чекор, бидејќи со користењето на такви апарати нема да може да се фингираат бројките како што власта ги замислила.

Пописот мора да биде статистичка операција која што ќе обезбеди точни информации и бројки, бидејќи врз тие бројки се гради општеството и се сноси општествената грижа. За еден човек да биде попишан, мора да биде секојдневно тука, тоа значи да живее тука и да не е човек кој мигрира и во Република Македонија не престојува предолго време. Тие луѓе не би требало да се попишуваат, бидејќи така голем број на села и градови ќе имаат огромни населенија, а всушност се празни, заврши Силјановска Давкова.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе