Што мислат Заев, Ахмети и Мицкоски за техничката влада

Лидерите на двете најголемите владејачки партии, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неколку дена пред најавеното формирање на техничката влада, кое треба да се случи на 3 јануари излегоа со различни ставови за техничката влада како концепт за демократизација на општеството, пишува МИА.

Се уште актуелниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој веќе го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за технички премиер вели дека е потребно да се продолжи со работа на јакнење на институциите, а не на партиска контрола внатре во нив.

„Ние сме растеретени во делот на контролата врз власта. Нам секојдневно не контролираат граѓаните, медиумите, јавноста, невладиниот сектор. Токму затоа сметам дека оваа дебата, за ставање крај на инструментот ‘техничка влада’ треба да се покрене заедно со дебатата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи”, изјавил Заев.

Според него, техничката влада, позната и како „пржинска влада” е модел на избор на влада, кој беше вграден во измените на Законот за влада по сериозната политичка криза што ја предизвика режимот.

Мицкоски, пак, смета дека институциите во земјава не влеваат доверба кај граѓаните, поради што е и потребата од техничка влада, која треба да обезбеди миминален амбинет за демократско изјаснување.

 

„Живееме во силно ерозирано општество, не само во поглед на економските и политички текови туку и во поглед на недостатокот на принципи и вредности кон кои една влада ќе се придржува. Сето она што го покажаа за изминативе три години значи дека не може да се продолжи вака. Имаме руиниран систем, судство и обвинителство кое е под чизмата на власта, како и институции кои се на далечински управувач од седиштето на владеачката партија. Последните два изборни процеси, референдумот и претседателските избори не се нешто по кое се прослави власта, како по начинот на организирање така и по фактот што нема никаква правна санкција за прекршителите ниту пак корегирани на пропустите. Поради се што претходно кажав но и поради бројните афери, практично ние имаме инститиции кои со право не влеваат доверба кај граѓаните. Токму затоа ни е потребна техничка влада која треба да обезбеди минимум амбиент за демократско изјаснување, во услови на силно политиканство на власта, и скапо платена пропагандна машинарија која треба црното да го престави за бело”, вели Мицкоски.

Тој е убеден дека кадрите на ВМРО ДПМНЕ во техничката влада ќе го дадат својот максимум за придвижување на процесите и обезбедување на фер избори.

За Ахмети, актуелното решение за техничка влада сто дена пред избори било производ на специфичните тешки околности во минатото, а за евентуална промена на овој модел потреба е согласност од сите што учествувале во процесот.

„Актуелното решение беше производ на специфичните тешки околности, кои што посакувам никогаш да не се повторат и сепак, за да се променат ќе треба да се постигне согласност од сите што учествуваа во процесот, кој беше олеснуван од меѓународната заедница”, нагласува Ахмети.

Во врска со тоа дали ќе има застој во бизнисот, во реформските процеси, дали техничката влада ќе придонесе за поголема соработка на власта со опозицијата или ќе биде уште една дополнителна арена за меѓусебни препукувања лидерите на три партии сметаат дека таа влада ќе придонесе за зголемување на довербата во изборниот процес. Тие се подготвени на меѓусебна соработка во насока на спречување на евентуален застој и во бизнисот и во реформите, велат ќе работат во интерес на граѓаните.

Заев, исто така, верува дека промена на власта на изборите најавени за 12 април нема да има, бидејќи тој нема да дозволи, како што вели, да се врати режимот; Мицкоски смета дека неговата партија не мора да води некаква посебна негативна кампања, бидејќи, како што посочува, власта води таква кампања секој ден со нејзините постапки, додека Ахмети потенцира дека политичкиот натпревар би требал да се одвива во насока на подобрување на секојдневниот живот на луѓето.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе