Шпанија утре ќе го депонира ратификацискиот инструмент во Вашингтон, многу скоро земјава и официјално членка на НАТО

Шпанскиот амбасадор во Вашингтон утре ќе го предаде оригиналниот инструмент на ратификацијата, по што Стејт департментот ќе ги извести сојузниците, а потоа од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе добиеме писмо и ние да го депонираме инструментот за ратификација. Откако Република Северна Македонија ќе го стори тоа и официјално ќе стане 30 земја-членка на НАТО, објасни денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров, премиерот Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи одржаа прес-конференција, посветена на официјализирањето на нашето членство во НАТО, откако шпанскиот Сенат вчера го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјата во Алијансата, а потоа на него потписот го стави и шпанскиот крал.

„Ќе покажеме дека можеме да бидеме достојна земја членка, која заедно ќе го носи товарот и ќе може да ги ужива бенефициите од тоа членство. Честитки татковино, честитки до сите граѓани“, порача Димитров.

Спасовски рече дека овој чин заслужува честитки и признанија и во овие денови на сериозни тешки предизвици.

„Ова е успех за нашата генерација, но и за оние претходните и за идните“, изјави Спасовски и додаде дека откако ратификацијата беше направена вчера во шпанскиот Сенат, потоа потписот го стави и шпанскиот крал, сега ратификацискиот инструмент на Шпанија ќе биде депониран во Вашингтон.

„И потоа ние од Алијансата ќе добиеме известување дека сите ратификации се депонирани и потоа можеме да ја депонираме и нашата. Република Северна Македонија е 30. членка на НАТО. Денеска со полно право можете да бидете горди. РСМ како членка на НАТО станува полноправен член во евроатлантското семејство на народи, изјави Спасовски и изрази уверување дека членството во НАТО ќе помогне и во остварување на втората стратешка цел членството во ЕУ.

Министерката за одбрана Рдмила Шекеринска нагласи дека дојдовме до крајот на едно долго патешествие во кое учествуваа повеќе генерации, политичари и граѓани.

„Станавме 30. членка на НАТО, по речиси 30 години чекање. Стигнавме до оваа цел затоа што додека другите одолговлекуваа ние решававме, ние работевме. Додека се правдаа, ние носевме одлуки, поминавме низ вистинско минско поле“, рече Шекеринска и особена благодарност им упати на припадниците на Армијата.

Османи, нагласуваќи дека денеска кога се соочуваме со специфичен предизвик Ковид-19, кој не е воена, но е безбедносна закана по нашето здравје, но и за сите земји да ја одржат својата економска и безбедносна стабилност, интеграцијата во современите западни системи ни е повеќе од добродојдена.

Тој додаде дека за неполна недела е закажан состанот на Советот за општи и заеднички работи, а на маса ќе бидат предлог-залучоците за почеток на преговорите со РСМ, а веројатно и со Албанија.

„Сите сигнали ни говорат дека членките немаат никакви забелешки што не упатуваат да се надевам на позитивна одлука за почеток на преговорите“, рече Османи.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе