Прес-конференција на СДСМ

Шкријељ: За наставниците приоритет треба да биде интересот на децата

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет, особено сега дури и во услови на ковид пандемија, кога се обезбеди континуитет во наставата. изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ. Таа додаде дека правото на образование е уставно загарантирано право на секое дете и ги повикува наставниците интересот на децата да го стават на прво место.

Таа оцени дека голем број на родители денеска се обидуваат да се организираат во поглед на своите деца поради штрајкот на наставниците.

„Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери секогаш имала и има слух за образовниот кадар и воспитувачите. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%. Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21% што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар. Исто така, за прв пат во образованието се воведе кариерен напредок на наставниците кој подразбира стекнување на дополнителен паричен надомест“, рече Шкријељ.

Таа додаде дека со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно членот 8-А од Законот за минимална плата.

Шкријељ испрати порака дека ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници и стручни соработници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати. 

„Бараме од ВМРO-ДПМНЕ да прекине со политизација на штрајкот на СОНК, тоа е на штета на наставниците и на учениците. Toa e последната партија којашто може да зборува нешто за образование или плати на наставници. Убедени сме дека решенијата се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции. Не со условувања туку со дијалог“, рече пратеничката.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе