Локални избори

Шилегов: ДОМ и ЛДП пратија сигнал дека остануваат во политичкото мнозинство, очекувам поддршка

Политичкиот сигнал што го испрати коалицијата ЛДП-ДОМ е дека остануваат во политичкото мнозинство, верувам дека добар дел од нивните поддржувачи сакаат да продолжиме заедно да го градиме и развиваме Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов, кој во вториот изборен круг бара поддршка за нов мандат за првата функција на Град Скопје.

Шилегов во одговорот на новинарското прашање дали ја очекува поддршката од ЛДП и ДОМ додаде дека е непристојно, како што рече, да се бара насочување на гласот на граѓанинот, зашто гласот е индивидуално право на секој граѓанин. Сепак, верува дека добар дел од гласачкото тело на овие партии ќе сака да продолжи поддршката на неговата опција, која како што рече, е продолжување на развојот на Скопје.

„Скопјани скопјанки, силата е во ваши раце, изберете силно Скопје кое расте и се развива и кое се стреми да ги достигне најразвиените европски метрополи. Градот со мене и со вас нема да застане“, рече Шилегов во обраќањето до граѓаните.

Тој своите изјави ги даде на eдна од локациите каде што се гради улицата „Есенинова“ која ги поврзува булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета македонска бригада“. Шилегов рече дека со поврзувањето на двата булевара поврзувањето на локацијата Чешма во Кисела Вода со Сајмиште во Гази Баба ќе биде скратено од 8 километри на 2 километра, а патувањето со возило ќе биде скратено за 15 минути.

„За да се стигне на овие две места мора да се вози или преку 'Србија' или од кај Тутунскиот комбинат, каде пак, се создава голем сообраќаен метеж. Новата улица ќе го растовари метежот, а воедно многу ќе се скрати патувањето“, рече актуелниот градоначалник.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе