Локални избори

Шилегов: Арсовска шири гол популизам, а ние управуваме со Скопје одговорно

Со гордост можам да кажам дека денес е објавен тендерот за реализација на Бас Рапид Tранзит системот. Со ова правиме крупен чекор напред кон изведба на современ, еколошки, брз и ефикасен јавен превоз. За само четири години, успеавме да го реализираме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно условите кои ги овозможува денешното Скопје, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

„Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот туку и целата држава. Добиваме јавен транспорт по пример на светските метрополи кој е прогласен за најеколошки проект од страна ЕБРД. Ефикасноста и исплатливоста на оваа инвестиција за Скопје е потврдена од низа домашни и меѓународни експерти кои се вклучени од самиот почеток во реализација на идејата. На решението работеа најреномираните експерти од нашите универзитети во Скопје и Битола, Белград, Лондон и Брисел. Важно е да се нагласи дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект, се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, каде Скопје е член од 2019 година“, нагласи Шилегов.

Тој нагласи дека ќе ги претстави клучните предности и придобивки кои скопјани ќе ги имаат оваа инвестиција и што таа ќе значи за квалитетот на животот и животната средина.

„Проектот опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден“, додаде Шилегов.

„Со имплементација на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се преполови. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути. Автобуси ќе има на секои 3 до 4 минути по примерот на метро превозот. Бидејќи БРТ функционира во посебна траса, независна и непречена од другиот сообраќај, превозот е исклучително точен и навремен како и самиот метро превоз. Патниците точно знаат во која минута пристигнува автобусот и во која минута од часот стигаат на посакуваната дестинација. Автобусите ќе бидат со хибриден погон на гас и електрична енергија и со должина од 18 метри“, продолжува Шилегов.

„Ова е разликата меѓу одговорно управување со градот, планско работење кое значи вистинска промена на квалитетот на јавниот транспорт. Ова е целосно спротивно на голиот популизам и нереалните проекти кој ни ги продаваат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ од другата страна. Вака се работи во интерес на скопјани, вака се прават темелни промени кои му се потребни на Скопје, вака се работи за младите да останат во овој град. Скопје за четири години од сега ќе биде сосема ново место за живеење, еколошки чисто, без метеж во сообраќајот со најголемата пешачка зона во светот“, заклучи градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе