Шестмина вработени во Влада како новинари бесплатно престојувале во Софија, велат oд ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДСМ предводена од Ковачевски се претвори во туристичка агенција. Вработените патуваат на сметка и на конто на државата, ги пуштаат во Бугарија на пат како новинари, а згора на се, од СОЗР и од Владата лажат и демантираат дека тоа не е така, а никаде ама баш никаде не објавија официјални документи за она кое што го тврдат, односно го демантираат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На заедничката седница која што требало да се одржи во јануари во Софија помеѓу двете влади, на четвртата седница на нашата Влада во Република Македонија се изгласало одлука да се обезбеди бесплатно сместување, патни трошоци и ПЦР тестови единствено за новинарите, никаде не е донесено одлука за вработените. Додека пак од СОЗР, Служба за општи и заеднички работи која што е под Владата, 6 луѓе заедно со директорот на СОЗР биле на државен трошок три дена во Софија додека траела седницата.

Тотално е нејасно зошто мора да одат 6 луѓе од СОЗР на заедничка седница помеѓу двете Влади, а згора на се да се обидат истите тие да бидат така наречено протнати на списокот како новинари. Очигледно се работи за екскурзија и за тура на која што требало да ја разгледаат Софија како изгледа. Трето нема.

Еве и нив јавно да ги прашаме: Дали е точно дека на четвртата седница на Влада на Република Македонија, било донесено одлука во точка 5, каде што пишува дека само за новинарите се обезбедуваат сместување, превоз и ПЦР тестови и никаде не е наведено дека за вработените во Влада или СОЗР?
Луксузот на грбот на граѓаните е една од примарните работи кои што ги работи оваа Влада предводена од Ковачевски и СДСМ, и нејзините поданици.

Трошењето на парите на граѓаните за луксуз е навика која што никако не им престанува на СДСМ, дури ниту во сред економска криза, каде што самите велат дека ќе крателе од непродуктивните трошоци.

Додека граѓаните не можат да преживеат и да се прехранат, владините претставници се луксузираат и си прават екскурзии на грб на граѓаните и на државна сметка.

Секој смешен демант што го пуштаат од страна на СОЗР или од Владата да го демантираат овој скандал за вакви случаеви, не само за ова туку и за други, само покажува колку тие се очајни и смешни. Затоа, наместо штури и празни соопштенија и деманти без докази, за ова некој треба да си понесе одговорност или најмалку што треба да направи е да ги врати тие неколку илјади евра во буџетската каса кои што ги потрошиле за оваа екскурзија и никако поинаку“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе