Писмо до Горјан Тозија – Медо

Шербеџија: Дали сите ние имаме доволно сила да се спротивставиме на такви ревизионистички политики

Не можеш ти со своите приватни писма и ставови ништо да промениш освен што на себе си навлече омраза и хајка од сите оние кои на некој начин ги жигоса и ги критикуваше поради нивните десничарски ревизионистички ставови, пишува во отвореното писмо хравтскиот актер Раде Шервбеџија по реакциите во хравстката и македонската јавност за коментарите по социјалните мрежи на директорот на македонската Агенција за филм Горјан Тозија. 

Писмото го објавуваме во целост.

Драг мој пријателе.

Жал ми е што поминуваш низ сите овие каубојски напади по разно разните социјални мрежи и портали во Македонија и Хрватска, кои баш и не се така социјални и демократски и кои станаа тренд во последно време, а и начин да се пресметаат со ставовите на политичките неистомисленици.

Тоа е можност за сите оние анонимни и безимени луѓе кои се кријат зад параваните на малограѓанштината и со своето лицемерие сеат зло и лаги околу себе. Лично сум сведок на целата приказна која ја затече во Агенцијата за филм кога стана директор на таа институција. И сите знаеме дека се обиде и сѐ уште се обидуваш да ги спречиш скандалозните малверзации и грабеж.

Ми пишуваш, најверојатно длабоко потресен од стихијните напади кон тебе, па дури во еден момент размислуваше да дадеш оставка, дека ти е доста. Но, сепак се предомисли и ќе одиш во битка со нив до крај. Се разбира пријателе... Не треба да се предадеш... Они ја бараат твојата глава и сакаат засекогаш да те замолчат. Они не спомнуваат ништо за твоите залагања да се спречи извлекувањето на пари од Агенцијата за филм по основ на фиктивни филмски проекти кои никогаш не беа остварени... Они ги свртуваат темите на твоите политички ставови и секако притоа измислуваат работи и зборови кои никогаш не си ги изговорил... Тоа е испробана тактика за сервирање лаги кои имаат за цел да извалкаат нечие име и неговите дела... Затоа те напаѓаат со сите оружја. 

Но, ти нема да им се предадеш! Ти имаш многу пријатели и во Македонија и во Хрватска кои знаат кој си и што си, и сигурен сум дека нема да потклекнеш пред тие притисоци... Не може тоа да го направиш, конечно поради македонскиот филм кому повторно му даде вистински ветер во грб... А и треба да снимиме уште нешто со сјајните македонски филмаџии...Јас едвај чекам повторно да се дружам со сите вас во нашата убава Македонија и да снимиме сјајни филмови и да се дружиме во Меана Б, кај нашиот Перо и кај нашиот другар Чамо во Скопје, а и во Битола, Струмица и во Охрид...

Познавајќи те целиот свој живот, знам дека секогаш беше на страната на филмот, се бореше за филмот, но и за праведни и човечки односи во оваа наша професија. Твоите лични успеси во македонскиот филм, од нашиот заеднички филм “Before the rain” – “Пред дождот” со кој победивме во Венеција и на многу други фестивали, конечно добивме номинација за Оскар, па сé до овие најнови успеси кои ги постигна со македонските филмови, повторно добивајќи двојна номинација за Оскар што е доказ за твоето големо знаење и продуцентскиот талент.

Но, драг мој пријателе, не се сите луѓе со кои ја создаваме нашата уметност и се занимаваме со филмскиот занает, луѓе со добра волја... Секогаш се наоѓаат некои кои со своите постапки и дела прават работи недостојни за нашата уметничка професија...

Не сакам да ги коментирам твоите политички ставови кои ги пишуваш на своите приватни страници. Иако мислам дека секој човек во едно демократско општество може слободно да ги изразува своите мислења. Јас лично не би се впуштал во такви работи бидејќи не може човек со своите ставови да промени, ниту пак да вразуми вжештени поединци кои со своите постапки и изјави често ја преминуваат границата на добриот вкус и од потврдени националисти стануваат прави шовинисти, па дури и расисти кои што во 21. век промовираат фашистички идеи и пароли кои ова наше човештво и цивилизација ги завија во црно во Втората светска војна и убија милиони невини луѓе и деца. Не можеш ти со своите приватни писма и ставови ништо да промениш освен што на себе си навлече омраза и хајка од сите оние кои на некој начин ги жигоса и ги критикуваше поради нивните десничарски ревизионистички ставови. Тие не се менуваат... Тие може само да се презираат, а времето ќе покаже дали ние сите заедно имаме доволно сила да се спротивставиме на такви ревизионистички политики и нашиот свет повторно да го донесеме во рамнотежа.

Меѓутоа, она што морам да го напишам јавно е дека не смееме и не можеме да дозволиме таквите поединци да се пресметуваат со тебе, поистоветувајќи се со хрватската држава и хрватскиот народ и поради твоите критички ставови кон нивните изјави или политички симпатии, да пропагираат дека ја презираш Хрватска и хрватскиот народ.

Познавајќи те целиот свој живот, знам сигурно дека ја сакаш оваа наша Хрватска речиси како својата родна Македонија. И сум сведок колку добри дела си направил и сѐ уште правиш за хрватскиот филм и за хрватско-македонското пријателство.

Па ти всушност заедно со Игор Нолa и останатите од твојата генерација филмски работници, по завршувањето на образованието во Загреб, ја заврши најважната филмска школа кај нашиот легендарен Бранко Лустиг и стана еден од неговите најдраги и најдобри ученици.

Па ти драг мој Медо, го направи она што тогаш беше невозможно, од Скопје да стигнеш на бродот Либертас кој заплови од Риека до Дубровник во својата мисија – прекин на војната и бомбардирањето на тој светол град. Тогаш снимаше и документарен филм за стравотиите и последиците од бомбардирањата и рушењата на уметничките вредности на Стариот Град. 

Сето тоа, ние твоите пријатели го знаеме, и не можат тие ситни политиканти со своите лаги да ја променат вистината за тебе.

Секогаш ќе бидеш и ќе останеш наш пријател и еден од најдобрите филмски работници на ова наше поднебје.

Те сака и поздравува твој

Раде Шербеџија

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе