За заслуги за одбранбената соработка

Шекеринска од Брнз доби американско знаме: Двете држави испишаа историја

Како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и САД американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска ѝ предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји.

Шекеринска е прв македонски министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.

„Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата на Северна Македонија брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, Северна Македонија веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, САД и Северна Македонија дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на ‘Криволак‘ во најдобра тренинг зона во Европа. Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје како симбол на наша благодарност и пријателство“, рече амбасадорката Брнз.

Шекеринска изрази задоволство што заедно двете држави испишале историја и покажале дека географската оддалеченост од неколку илјади километри може да се претвори во блискост и да се споделуваат исти вредности.

„Вредности кои и во овие моменти се на тест. Заедно стоиме на страната на демократијата, правото на избор, мирот и стабилноста во пошироката евроатланска област, каде токму сега еден друг, и на двете земји пријателски народ, бие битка за политичка слобода, да ја определи својата иднина“, изјави Шекеринска.

Зад денешниот чин и заедничкото пријателство и сојузништво, како што кажа, стојат повеќе од 41 заеднички изведена вежба со приближно пет илјади припадници на нашата и повеќе од три илјади припадници на Армијата на САД, 100-тина школувања и обуки, заедничките планови и видливите резултати во Криволак, проектите за модернизација на Вооружените сили.

„За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, благодарам што постојано дававте поддршка на Министерството, Армијата и на нашата држава“, нагласи Шекеринска, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Знамето што денеска ѝ беше врачено на Шекеринска, како и македонското знаме што пред една година го добила од колегите во НАТО, како што рече, ќе сведочат за „искушенијата низ кои поминавме, но и за заедничкиот историски резултат кој е постигнат“.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе