„Почитувани премиер и министри на Владата на Република Северна Македонија, избраници на народот и градоначалничка на Град Скопје. Бараме неодложно да се преземе одговорност и да се покаже политичка волја за што побрзо воспоставување на сообраќајна безбедност на патиштата низ државата, а особено на градските улици во Скопје. Очекуваме одговорност, зрелост и конструктивност, поради безбедноста на сите граѓани. Бараме најитно да се активира автоматскиот систем за следење и казнување во сообраќајот во Скопје. Истовремено, бараме решенијата за зголемување на безбедноста во сообраќајот да ги третираат најранливите и нивните потреби, а проектите за нови сообраќајници да ја имаат безбедноста како носечка компонента вклучувајќи инфраструктурни бариери и успорувачи на брзини3, велат од Шанса за Центар.
.
Активирањето на автоматскиот систем со камери ќе ја олесни работата на полицијата, ќе ја зголеми сообраќајната дисциплина и култура, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот, додаваат од таму.
„Со ова ќе се растеретии судскиот систем од администрирање на сообраќајни прекршоци кои во голем дел остануваат без епилог или казни кои не се спроведени. Во духот на борбата против корупција и транспарентното управување кое очекуваме да биде врвен приоритет во државата, го бараме активирањето на автоматскиот систем за следење и казнување, со кој граѓаните ќе се чувствуваат правично дури и кога ќе бидат казнети, бидејќи ќе знаат дека системот не распознава моќ, врски и познанства. Секако, очекуваме соработка со надлежните служби независно во чија надлежност се и нема да имаме разбирање за префрлање на надлежностите и одговорностите. Имено, фактот што има жртви во сообраќајот е последица токму на неодговорното префрлање на надлежностите“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар.