Предвремени парламентарни избори

Села: Ќе инвестираме 500 милиони евра за ревитализација на албанските населби

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и кандидатите за пратеници од шестата изборна единица, денеска ја претставија програмата „Држава за сите“ пред жителите во населбите на Општина Теарце.

Носителот на листа од 6 ИЕ и претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села зборуваше за многуте проблеми на албанските села, на кои им недостасуваат основни услови. Села истакна дека коалицијата АА-ААА предвидува инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби.  

„Ние ќе бидеме имиџ на политичарот кој ќе биде избран и го исполнува тоа што го ветува. Никој од нас нема да слушне празни зборови и големи позиции затоа што нашето политичко дејствување не е само за поединецот како индивидуа. Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма ќе видите, предвидени се 500 милиони евра инвестиции за четири години власт директно за ревитализација на албанските населби“, истакна Села пред жителите на Нераште и Доброште.

Села појасни дека програмата е направена директно од барањата и загриженоста на граѓаните, бидејќи пред неколку месеци тој самиот ги поминал сите албански села, каде разговарал со жителите на секое село. Ова, објасни тој, е направено со цел внимателно да се допрат сите проблеми на граѓаните. 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе