Предизборно коалицирање

Села и Гаши се договорија за коалицирање, за Касами понудата за коалиција е навредлива

Флакрон Беџети, портпаролот на Алијансата за Албанците денеска изјави дека тие како политички субјект биле заинтересирани за трипартиска коалиција, но движењето Беса нивната понуда ја сметале за несериозна, дури и, како што рече, навредлива.

„Ние, како политички субјект бевме заинтересирани за трипартиска коалиција, меѓутоа движењето Беса досега ја одбиваше нашата понуда, која беше сериозна, амбициозна. Таа понуда имаше за цел да ја промени ситуацијата кај албанскиот политички блок, но тоа не зависеше само од нас“, рече Беџети.

„Ние бевме максимално коректни, затоа што сакавме да ги приближиме сите во еден столб кој ќе биде предводен од Алијансата за Албанците (АА). Сакавме да ги приближиме Беса и Алтерантива кон еден столб кој ќе го порази ДУИ“, рече Беџети.

Пред три дена лидерот на СДСМ Зоран Заев имал средба со Биљал Касами, претседателот на Беса на која била договорена поддршка за Законот за Јавно обвинителство и можна коалиција по изборите. Дел од тој договор е и поддршката на СДСМ за новиот закон за лични документи,  во кој, според предлогот на Беса во личните карти ќе ја пишува и етничката припадност на граѓаните.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе