Алијанса на Албанците и Алтернатива

Села и Гаши нема да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ за поништување на пописот

Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива нема да поддржи поништување на Законот за попис, велат од партиите како коментар на денеска поднесениот предлог закон за поништување на пописот. Но, пратеничката група негодува затоа што смета дека прашалникот за попишување на дијаспората не е во согласност со членот 34 од Законот за попис во врска со употребата на јазикот.

„Прашалникот е во спротивност со член 34 од Законот за попис во врска со употребата на јазиците. Член 34 став 1 вели дека апликацијата е изготвена на седум различни јазици и попишувањето се врши со јазикот кое го бира лицето кое се попишува. Имаме документ каде прашањата се на албански, а одговорите треба да се дадат на македонски јазик, на некои прашања стои само кирилично писмо на македонски јазик. Апелираме до Државниот завод за статистика да интервенира и да се корегира“, изјави пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албанците.

Според него, има наши државјани кои живеат надвор од земјата и кои не го владејат македонскиот јазик. Предупредува дека ваква работа може да предизвика давање погрешни податоци.

АА и Алтернатива нема да го поддржат законот за поништување на Законот за попис, по итна постапка, што денеска ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во Собранието. Снопче потенцира дека тие се заинтересирани овој процес, што веќе започна, да заврши и оти тие и опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат различни согледувања и забелешки за процесот.

„Вистина е дека ние имавме сериозни забелешки за Законот за попис, дека ниту еден наш амандман не се усвои, дека ние немаме доверба во целокупниот систем и затоа сме толку транспарентни и сакаме да ги изнесуваме нашите забелешки. Меѓутоа, вистина е дека ние сме заинтересирани еднаш засекогаш овој процес да заврши. Македонија е во многу незавидна положба. Дваесет години сме без попис и ние сме смешна држава пред очите на светот“, рече пратеникот.

Снопче најави дека ќе реагираат на секоја неправилност во врска со пописот.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе