По поканата од лидерот на ДУИ

Села и Гаши би се сретнале со Ахмети, ама по 17 август, а не утре

Алијансата за Албанците и Алтернатива ја прифатија поканата од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со лидерите на  партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо утре, таа да се одржи на друг датум, почнувајќи од 17 август.

„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.08.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата”, пишува во писмото на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива , Зијадин Села и Африм Гаши до Али Ахмети.

Според нив, за да има суштински и плоден состанок, „би било добро поканата да има предлог за агендата, за да имаат појасна идеја за причината за организирање на средбата на тркалезната маса на албанските парламентарни партии”. 

Ахмети претходно ги покани на заедничка средба лидерите на Алтернатива, Беса, Алијанса за Албанците и на ДПА, Африм Гаши, Билал Касами, Зијадин Села и Мендух Тачи. Средбата беше планирана за утре во Скопје, на годишнината од Рамковниот договор. 

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе