„Темата што во последно време ја отвори Бугарија, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка,а тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија", рече Села за ТВ21.
Тој додава дека политичките случувања во регионот, под печатот на евроинтегративните преговори, ја враќаат темата на почетокот на 20 век.
Во својата основа изгледа дека спорот го содржи прашањето за неколку историски ликови, но тоа што не се кажува е дека проблемот е многу поголем, додека пак албанскиот политички фактор воопшто не учествува во темите од ваква важност, смета Села.
Тој потоа изрази загриженост и за содржините на дел од училишните лекции кои ги учат младите Македонци за Албанците, како што рече, како за дојден народ, и обратно пак, како што нагласи, за лагите кои ги изучуваат учениците Албанци".
„Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци која нема врска со нашите преродбеници, туку повеќе има врска со наметната, а лажна историја", рече Села.