Секој од нас е заменлив: Филипче не коментира за оставката додека трае истрагатa за Тетово

Се воздржувам од сите коментари се додека трае истрагата. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница.

Тој вели дека во истрагата за избувнувањето на пожарот во модуларната болница се вклучени институции, обвинителства, па ќе дозволи најпрвин тие да констатираат, а по завршување на процесот ќе биде на располагање за разговор или изјава.

„Дозволете да не коментирам со оглед на тоа што има истрага. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба”, рече Филипче.

Според него, процесот на проверка и на комуникација со директорите на болниците, како и проверка од страна на Санитарниот инспекторат е завршен. Документацијата за модуларните болници, како што рече, е во проектната единица на Светска Банка во Министерство за труд и социјална политика и така е одговорено на барањата.

Во однос на оставката, министерот посочи дека секој од нив е заменлив, никој не е венчан за функцијата.

„Се воздржувам од сите коментари за се ова додека траат активностите на сите истражни органи. Секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, тоа е мојот став во однос на се”, додаде Филипче.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе