Седницата за избор на амбасадори отворена за јавноста за да има кворум

Пред собрансиката Комисија за надворешна политика денеска тезите за својата дипломатска функција ги презентираше новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на земјава во Република Словачка Евгенија Илиева. На нејзино барање седницата беше отворена за јавноста со цел да има кворум, затоа што така присутни можат да бидаст и пратениците кои немаат безбедносен сертификат. Претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски смета дека е добро министерот Бујар Османи да реферира за вработувањето на тв-презентерката Бесмира Ејупи во МНР.

По нејзината презентација претседателот на Комисијата пратеникот Антонио Милошоски ја прекина седницата заради други обврски, а продолжението го најави за утре.

На седницата, според точките од дневниот ред, филтерот на Комисијата треба да го поминат и новите вонредните и ополномоштени амбасадори на Македонија во Канада, Норвешка и во Белгија Агрон Буџаку, Дритон Куќи и Методија Белевски.

Собранискиот филтер веќе го помина новиот амбасадор на земјава во САД Зоран Попов, кој на барање на МНР поради сензитивност на информациите тезите за дипломатската активност ги презентираше зад затворени врати.

Милошоски, пред почетокот на седницата на прес-конференција во Собранието упати апел до министерот за надворешни работи Бујар Османи да размисли кога и дали е потребно да се класифицираат информации коишто ги претставуваат амбасадорите, а до пратениците на ДУИ секој да поднесе најитно барање за добивање национален безбедносен сертификат за да може да си ја исполнува улогата на пратеник во секоја ситуација.

„Оваа седница ја почнавме пред одреден период и по барање на МНР за истата мнозинството донесе одлука да биде затворена заради доверливост на одредени материјали што се доставени од МНР, а поврзани со амбасадорите и тогаш владејачкото мнозинство изгласа одлука седницата да биде од затворен карактер за јавноста. Денеска имавме прв обид да ја продолжиме седницата во форма во која што работевме, односно затворена седница, но констатирам со жалење дека голем дел од пратениците од владејачкото мнозинство особено од партијата ДУИ немаа национални безбедносни сертификати и не можат да присуствуваат на таква седница, ниту пак да направиме кворум за да продолжи и да работи во тој формат“, рече Милошоски на прес – конференција во Собранието.

На новинарско прашање, Милошоски појасни дека седницата кога беше испратен амбасадорот во САД беше затворена на барање на МНР, но на почетокот присуствувале сите пратеници и мнозинството одлучило да биде затворена, а при тоа гласале и оние пратеници кои немале безбедносен сертификат да учествуваат во работа на затворена седница. Според него, по однос на амбасадорите треба да имаме отворени седници за јавноста, но вели, мнозинството на крајот ја носи одлуката.

Во однос на тоа дали ќе поднесе иницијатива за обраќање на Османи пред оваа собраниска Комисија за случајот со вработувањето на лицето Бесмира Ејупи во МНР, Милошоски рече дека ќе се обидат да предложат Османи да реферира и оти се надева дека пратениците од мнозинството ќе поддржат еден ваков, како што рече, надзорен состанок каде што министерот би информирал за овој случај.

За најавите за испраќањето нови амбасадори, меѓу кои и во Амбасадата во Софија, Милошоски изјави дека засега немаат добиено материјали од МНР.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе