Во рамки на истата седница, претходно на крајот од јули, пред пратениците платформата за дипломатските активности ја претстави вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во САД, Зоран Попов. Поради доверливиот карактер на информациите, како што истакна тогаш претставник на МНР, Попов своите тези ги презентираше зад затворени врати и пред пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат. Седницата на Комисијата веднаш потоа беше прекината, поради одржувањето на пленарната собраниска седница.
Со презентацијата на тезите во Собранието финишираат сите процедури за заминување на амбасадорите во нивните дипломатски мисии.