Се радуваме со нашите браќа Срби и Македонци: РПЦ го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

„Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок“, изјавил Балашов за ТАСС по вчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката ариерејска литургија во црквата Свети Климент Охридски во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Патријархот Порфириј кажа дека за оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе