СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ гази по достоинството на наставниците

ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција си поигрува со образованието, гази врз достинството на наставниците, обвини денеска СДСМ.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование, повторно ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта. ВМРО-ДПМНЕ е против 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност“, изјави на прес-конференција Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, во опозициската ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, продолжуваат со блокади, откако пред еден месец со навреди, закани и обиди за физички напади се спротивставија на унапредувањето на образованието, решавањето на статусот на наставниците.

„Блокадите и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ нема да  ги спречат реформите во интерес на граѓаните. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту било кој друг граѓанин да биде заложник на антинародното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски“, додава Костадиновска Стојчевска.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе